Иако се најавуваше дека Чаби Алонсо ќе биде сменет од функцијата тренер на Реал Мадрид доколку тимот претрпи пораз од Манчестер сити, тоа нема да се случи вечерва, а ни утре.
Алонсо засега ќе остане на клупата, веројатно барем до крајот на Суперкупот на Шпанија во јануари, кога тимот во покомплетен состав ќе проба да освои трофеј и ќе се види дали Алонсо ќе воспостави контрола врз соблекувалната.
По поразот од Сити, неколку играчи му дадоа поддршка на Алонсо, кој е само шест месеци на клупата на Реал. На страната на шефот е и Килијан Мбапе, кој е убедливо прв стрелец во тимот, а не играше вечерва поради повреда.
„Мојата иднина? Тоа не е моја тема. Фокусиран сум на следниот меч на Реал Мадрид, тоа ми е важно“, рече Алонсо по средбата со Манчестер сити.

