Реал Мадрид планира претставувањето на своето најголемо засилување за претстојната сезона, Еден Азар, да го направи на 2 јуни, еден ден по финалето од Лигата на шампионите и неполна недела по последниот меч на Белгиецот во дресот на Челзи.
Претседателот на Реал, Флорентино Перес, брза со потпишување на договорот со Азар бидејќи сака што побрзо да им се реваншира на навивачите за оваа катастрофална сезона.
Азар веќе ги има договорено сите лични детали и Реал Мадрид е многу блиску до финализирање на преговорите со Челзи. Се најавува дека обештетувањето кое ќе го добие лондонскиот клуб ќе изнесува околу 116 милиони евра.