14.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Реал Мадрид планира историска промена во функционирањето

Голема промена се најавува во Реал Мадрид, објави „Атлетик“. Според медиумот, претседателот на клубот, Флорентино Перес, и неговите советници сериозно ја разгледуваат можноста да бидат вклучени надворешни инвеститори, со што навивачите на клубот (т.н. „сосиос“) повеќе нема да бидат единствени сопственици.

Реал Мадрид е единствениот фудбалски клуб кој некогаш пријавил приходи поголеми од 1 милијарда евра, но Перес верува дека се потребни уште повеќе средства за да може клубот да се натпреварува рамноправно со најсилните тимови во Лигата на шампионите.


Прекинувањето на 123-годишната традиција, според која клубот е во сопственост на своите навивачи, може да биде единствениот начин тоа да се постигне.

Се очекува Флорентино Перес да ги претстави деталните планови за овие големи промени во структурата на сопственоста на следното Генерално собрание, кое ќе се одржи идниот месец.

Инаку, Реал Мадрид, слично како и неговиот голем ривал Барселона, отсекогаш бил во сопственост на клупските членови уште од своето основање во 1902 година. Тие се околу 100.000 на број, имаат право да го избираат претседателот на клубот и да гласаат за важни одлуки.

- Оглас -

Најнови вести