Реал Мадрид размислува за иднината на тимот, па според најновите најави, се очекува Кралскиот клуб да донесе нов тинејџер. Се работи за 18-годишниот Ламини Фати од тимот на Леганес.
Се работи за талентиран централен дефанзивец, а се очекува Реал Мадрид да плати 100.000 евра за негов трансфер.
🚨🚨| Real Madrid are set to sign 18-year-old centre back Lamini Fati for a €100k fee. Deal almost done with Leganés, personal terms also agreed with Fati who would join the Juvenil A team.
[@FabrizioRomano] pic.twitter.com/NglsQ6kfwD
— CentreMadrid. (@centreofmadrid) December 16, 2024
Планот е првично тој Фати да биде дел од младинскиот тим на Кралскиот клуб, а потоа да се развие во играч кој во иднина ќе добие место во сениорскиот состав.