Реал Мадрид подготвува нов договор за новата млада ѕвезда

Реал Мадрид планира да понуди нов договор на младиот дефанзивец Раул Асенсио, откриваат шпанските медиуми. Актуелниот договор на 21-годишниот играч истекува во јуни 2026 година.

Клубот е задоволен од придонесот на Асенсио, кој дебитираше на 9 ноември во натпреварот против Осасуна, заменувајќи го повредениот Едер Милитао. Тој одигра 60 минути, забележа асистенција и помогна во победата од 4-0. Од тој момент, Асенсио стана стартер и одигра уште два натпревари во Ла Лига, против Леганес (3-0) и Хетафе (2-0), во кои Реал не прими гол.

Клубот, со новиот договор, планира значително да му ја зголеми платата на Асенсио. Неговото етаблирање како централен дефанзивец му овозможува на тренерот Карло Анчелоти да ги врати играчите како Аурелиен Чуамени на нивните природни позиции.

Сепак, кариерата на Асенсио е засенета со скандал од минатата година, кога беше уапсен поради наводно ширење сексуално видео со недозволена содржина. Иако тој не учествувал во креирање на видеото, случајот сè уште е во судска постапка.

- Оглас -

Најнови вести