Реал Мадрид подготвува нова „бомба“ со која ќе ѝ зададе голем удар на Барселона

Раководството на Реал Мадрид подготвува нова трансфер-бомба за следното лето и планира да го ангажира Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Неговиот договор со клубот од Баскија завршува следното лето и Реал планира да го доведе како слободен фудбалер без да плати обесштетување.

Кралскиот клуб со ваквиот потег ќе ѝ ги расипе плановите на Барселона, која исто така е сериозно заинтересирана за младиот крилен фудбалер, за кого интерес има и од Премиер лигата.

Според стручната јавност во Шпанија, ваквиот трансфер на Нико Вилијамс од Атлетик во Реал Мадрид нема никаква логика, бидејќи Кралскиот клуб веќе има голем број фудбалери на таа позиција.

- Оглас -

Најнови вести