Реал Мадрид повеќе од 30 години немал толку добра одбрана

Реал Мадрид и Барселона водат мртва трка за титулата во Шпанија. На точно половина од првенството, двата тима имаат по 40 бодови, а каталонскиот гигант е подобар само поради подобрата гол разлика. Иако Реал има постигнато дури 13 голови помалку од Барселона, тренерот на мадриѓани Зинедин Зидан во оваа полусезона покажа дека гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ има една ново оружје, а тоа е одбраната.

Во досегашните 19 меча, Реал прими само 12 погодоци, што е најмалку во последните 32 години на полусезона во Примера дивисион. Кралевите имаа многу големи проблеми со дефанзивниот ред на почетокот на сезоната, кога и примаа многу голови.

Тибо Куртоа прими шест гола во првите четири меча и тоа од само седум упатени удари кон неговиот гол. Сепак, како одминуваше првенството, одбраната стануваше се подобра, па сега белгискиот голман може да се пофали дека одбрани 27 од последните 30 прецизни шута кон неговиот гол.

Последен пат кога Реал прими само 12 голови по првите 19 меча во првенството беше во сезоната 1987/88, а тогаш имаа 11 средби без примен погодок, додека сезонава на 10 натпревари успеаа да имаат „сува“ мрежа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести