Неделното Ел Класико на „Монжуик“ би можело да го реши прашањето за шампионот на Шпанија. Доколку Барселона го победи Реал Мадрид, ќе избега со седум бода предност на врвот и практично ќе ја осигури титулата на три кола пред крајот. Но, атмосферата пред дербито е далеку од спортска, со оглед дека клупската телевизија на Реал Мадрид повторно удри по судиите.
Реал Мадрид ТВ продолжува со својата практика да врши притисок врз судиите пред важни натпревари. Овојпат на удар се најде главниот судија на Ел Класико, Алехандро Ернандес Ернандес, кој и покрај тоа што важи за еден од најдобрите шпански судии, беше обвинет дека има историја на грешки против Кралевите.
Este es Hernández Hernández, el árbitro que pitará el clásico…
— Real Madrid Fans 🤍 (@MadridismoreaI) May 8, 2025
🚨 MÁXIMA DIFUSIÓN A ESTE VIDEO 🚨
pic.twitter.com/dotynWnuAV
Во четири и полминутно видео, Реал Мадрид ТВ ги истакна наводните неправди кои Ернандес ги направил против нив во изминатите сезони. Слична кампања водеа и пред финалето на Кралскиот куп, кога судијата Де Бургос Бенгочеа се расплака од притисоците.
Реал влегува во Ел Класико со 75 бода, додека Барса има 79. Победа на тимот на Ханси Флик значи и позитива од седум поени, а со оглед на тешкиот распоред што следува, тоа би било речиси недостижно за Реал.