Реал Мадрид прави голем богат трансфер!

Реал Мадрид во текот на следната недела, можеби уште в понеделник, ќе објави една голема промена. Клубот ја завршува соработката со спонзорот „Ауди“ и се договори со БМВ.

„Ауди“, кој цели 19 години беше спонзор на Реал, реши помалку да вложува во фудбалот, се откажа од спонзорирање на неколку клуба и ќе остане само во Баерн Минхен.

Реал пак добива германски спонзор за автомобили, па играчите во иднина ќе треба да возат БМВ, компанија чие седиште е во Минхен и е голем ривал на „Ауди“.

Засега не се знае висината на договорот кој ќе стапи на сила од 1 јули, но сигурно дека е богат и ќе ја пополни клупската каса на 14-кратниот еврпски првак кој има огромни трошоци околу реновирањето на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести