Реал Мадрид ќе се обиде да направи изненадувачки трансфер во јануари. Според шпанските медиуми, Kралевите го посакуваат дефанзивецот на Наполи, Рафа Марин, кој својата кариера ја започна токму во академијата на шпанскиот гигант.
Серијата повреди во одбранбената линија на Реал го натера раководството на клубот да бара алтернативни решенија на трансфер пазарот.
Имајќи предвид дека Рафа Марин не добива доволно шанси за настап под водство на Антонио Конте во Наполи, од Реал ќе се обидат да го вратат централниот дефанзивец на „Сантијаго Бернабеу“.
Пред да потпише постојан договор со Наполи, Рафа Марин помина одреден период на позајмица во Алавес, каде што импресионираше со своите настапи.