1305 Реал Мадрид – Леганес (21:00)
Барселона го доби заостанатиот меч против Осасуна со 3-0, па Реал Мадрид сега нема избор освен да го победи составот на Леганес, со оглед на тоа дека има заостанување од три бода позади „каталонците“. Противникот на „кралевите“ во моментов е на 18-тата позиција на табелата, па се чини дека Реал Мадрид без поголеми проблеми ќе запише лесна и убедлива победа. Леганес последен пат го победи Реал во 2019 година, а оваа сезона веќе ги победуваа Атлетико Мадрид и Барселона со по 1-0.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.02)
1304 Алавес – Рајо Ваљекано (18:30)
Она што се очекува од екипите на Алавес и Рајо Ваљекано се головите, а нив треба да ги има и во двете мрежи. Последните три меча на гостите од предградието на Мадрид завршуваа „гол-гол“. Рајо Ваљекано одигра нерешено против Реал Сосиедад (2-2) и против Севиља (1-1), додека беше поразен од Реал Мадрид со 2-1, додека Алавес на последниот меч ремизираше (2-2) против Лас Палмас.
Предлог тип: ГГ (2.30)
3003 Јувентус – Џенова (18:00)
Јувентус со нов тренер ќе се обиде да излезе од кризата во која се наоѓа, а Џенова е одличен противник за такво нешто. На мечот од есенскиот дел од сезоната, „старата дама“ славеше со 0-3 на гостински терен, па Игор Тудор ќе има можност да дебитира на клупата на Јувентус со победа.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.93)
1102 Брајтон – Нотингем форест (18:15)
Ждрепката одлучи во четвртфиналето од англискиот ФА куп да играат две екипи кои ги краси ефикасен фудбал. Последниот меѓусебен дуел на Брајтон и Нотингем форест заврши со неверојатна победа на „шумарите“ од 7-0, а претходно оваа сезона играа и 2-2. Домашните се во серија од осум меча по ред на кои играа со по најмалку три гола, додека Нотингем на последниот натпревар славеше со 2-4 над Ипсвич.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.93)
3134 Војводина – Црвена ѕвезда (19:00)
Црвена ѕвезда има неверојатна предност од 21 бод пред Партизан на врвот од табелата во српската Супер лига, а вечерва гостува во Нови Сад кај Војводина, во меч кој е дерби само според имињата на екипите. „Црвено-белите“ од Белград веќе со двете раце се на трофејот, па се случува често да примаат голови, а така беше и на последните два меча, против ОФК Београд во Купот на Србија (5-3) и првенствениот дуел против Спартак Суботица (2-1).
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.18)