30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Реал Мадрид предлага револуција во клупскиот фудбал, има поддршка од Барселона, Ливерпул, Јунајтед …

Светот на фудбалот постојано се менува. Минатата сезона за првпат се играше лигашки дел на Лигата на шампионите со 36 екипи, а летово се одржа и првото Светско клупско првенство, кое е планирано да се игра на секои четири години.

Иако многумина, пред се фудбалерите, но и навивачите, беа против ваков турнир, се чини дека на клубовите им се допадна. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, предлага големи промени, барем кога се работи за клупскио Мундијал.

„Кралевите“ сакаат ова натпреварување да се одржува на секои две години, а не како што е планирано на секои четири, а на него да учествуваат 48 екипи, наместо 32 како што случај на првенството во САД.

Сепак, ваквите промени тешко дека може да се случат пред 2030 година, а следното Светско клупско првенство ќе се одржи во 2029 година, најверојатно во Катар.

- Оглас -

Најнови вести