37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Реал Мадрид преку Твитер искоментира што мисли за изборот на Сити за клуб на годината

Шпанците не можат да си објаснат како Реал Мадрид не е прогласен за клуб на годината и покрај тоа што ја освои Лигата на шампионите, а беше и шпански првак.

Некои аналитичари мислат дека со ова Французите на некој начин му се одмаздуваат на Флорентино Перес за Суперлигата. Во гласањето за клуб на годината, не учествуваа новинарите кои гласаа за фудбалер на годината.

Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити, а во финалето го победи Ливерпул, но за „Франс фудбал“, Реал е зад овие два англиски клуба за 2022 година. Кралскиот клуб преку „Твитер“ објасни што мисли за изборот на Сити, со фотографија од конечниот резултат 3-1 и радоста по лудата победа над „клубот на годината“.

- Оглас -

Најнови вести