Реал Мадрид продолжува со беспрекорноста, Интер се разбуди во второто полувреме, Арсенал немаше милост

Реал Мадрид стигна до петтата победа во исто толку меча од групната фаза од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб на свој терен победи со 4:2 против Наполи, во чии редови последните 20-тина минути ги одигра и Елиф Елмас. По овој пораз, Наполи ќе треба во последното коло на домашен терен да остане непоразен од Брага за да ја задржи втората позиција на табелата.

Арсенал со 6:0 го победи Ленс во меч на кој Топчиите во првото полувреме погодија петпати. Интер на полувремето губеше со 0:3 од Бенфика, но во вториот дел Нераѕурите целосно се вратија во игра, постигнаа три гола и стигнаа до бод.

Баерн Минхен во меч кој не им значеше многу одигра без голови против Копенхаген. Немаше голови ниту на дуелот Реал Сосиедад – Салцбург, додека Брага и Унион Берлин ремизираа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести