Реал Мадрид прв пат одигра ваков меч во историја и загуби (Видео)

Реал Мадрид одигра историски меч на гостувањето кај Вилјареал, затоа што за прв пат во 121-годишната историја во стартниот тим немаше ниту еден Шпанец и на крајот загуби со 2:1. Според историските податоци, Реал во клупската историја има одиграно 4.436 натпревари, а ова е прв пат во стартниот тим да нема Шпанец.

По првото полувреме немаше голови, а на почетокот на вториот дел Пино донесе радост за Вилјареал и водство од 1:0. Реал Мадрид израмни преку Карим Бензема од пенал во 60 минута, но само три минути подоцна, повторно се радуваа фановите на Жолтата подморница. Беше досуден пенал и за Вилјареал, а Морено не дозволи да згреши и Вилјареал поведе со 2:1. На крајот се покажа дека тоа е и конечниот резултат, на средбата на која сепак Реал на крајот од мечот на теренот имаше двајца Шпанци и тоа Асенсио и Лукас кои влегоа како резерви во второто полувреме.

https://twitter.com/i/status/1611763868144963585

- Оглас -

Најнови вести