Според шпекулација на шпански медиуми, Реал Мадрид летово сака да продаде двајца од своите француски фудбалери, а тоа се Ферлан Менди и Орелиен Чуамени.
Изворот трвди дека двајцата играчи ја загубиле довербата кај тренерот Карло Анчелоти и клубот не планира да им ги обнови договорите, туку да ги стави на продажба.
Сезонава Чуамени одигра 20 натпревари без да постигне гол, а принудно често игра како централен дефанзивец. Менди исто така нема ни гол ни асистенција на 17 натпревари оваа сезона, а цел меч нема одиграно уште од октомври.