Реал Мадрид реши да активира една трансфер-бомба

Со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, повторно се вратија и насмевките во Кралскиот клуб. Во првиот меч по повторното преземање на кормилото, Реал славеше со 2-0 над Селта Виго. Францускиот стратег направи неколку измени во тимот, па во стартниот состав повторно ги врати голамнот Кејлор Навас, како и Марсело и Иско.

Тоа вроди со плод бидејќи Реал одигра добар меч и на крајот стигна до трите бода, и тоа без да прими гол. Сега се најавува дека Зидан конечно ќе финишира една голема работа, а тоа е да успее да го доведе Еден Азар од Челзи. Белгискиот репрезеннтативец веќе долго време е во фокусот на Реал Мадрид, но никако да се реализира овој трансфер.

Според најавите од шпанскиот весник „Ас“, Реал и Азар веќе ги имаат договорено личните услови, а сега само се чека дозвола од Челзи. Англискиот тим треба да каже колку пари бара за трансферот да биде реализиран. Според претпоставките, Челзи ќе се согласи да го продаде својот најдобар фудбалер за сума од 120 милиони евра.

Азар сезонава одигра 29 меча за Челзи и даде 13 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести