Реал Мадрид без поголеми проблеми дојде до убедлива победа на гостувањето кај Леганес со 0-3. „Кралевите“ сега ја намалија предноста на Барселона на само четири бода, а имаат и натпревар помалку, оној одложениот против Валенсија.
Килијан Мбапе во 43-тата минута го отвори резултатот и го донесе Реал Мадрид во водство од 0-1, а Феде Валверде во 66-тата зголеми на 0-2. Конечните 0-3 ги постави Џуд Белингам во 85-тата минута.