Реал Мадрид сака да биде дел од тениската историја

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, има голема желба да организира тениски меч меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер и тој да се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Стадионот на Реал Мадрид има капацитет од 80 000 гледачи, што значи дека овој спектакл би го срушил актуелниот рекорд кој го држат Серена Вилијамс и Ким Клајстерс. Овие две тенисерки во 2010 година во Брисел собраа 35 000 гледачи.

Перес уште во 2012 година имаше идеја да организира тениски меч на „Сантијаго Бернабеу“. Тогаш требаше да играат Надал против Новак Ѓоковиќ, но идејата пропадна поради повредата на коленото на Шпанецот. Надал таа година ги пропушти и Олимписките игри во Лондон.

Пред можниот дуел на стадионот на Реал Мадрид, Надал и Федерер ќе имаат можност уште во февруари следната година да постават нов рекорд, бидејќи за тогаш е закажан пријателски меч во Кејптаун, на стадион кој има капацитет од 55 000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести