Реал Мадрид ја разгледува опцијата да го напушти шпанското првенство и да се натпреварува во англиската Премиерлига. Оваа сензационална вест и луда теорија ја објави „Мундо депортиво“, познат спортски весник со седиште во Барселона, и неуморни критичари на Реал како најголем ривал на нивната Барса.
Според оваа информација, мадриѓаните со недели планираат да ја напуштат лигата поради војната со првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас. Наводно, претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, ги разгледува опциите и за преселба на Реал и во италијанската Серија А или германската Бундеслига, бидејќи голем проблем претставува излегувањето на Велика Британија од Европската унија, па има и правни пречки за шпански клуб да биде член на англиското првенство.
Перес и Тебас се замерија уште околу Суперлигата, а чашата ја прели инвестицискиот фонд ЦВЦ кој е сомнителен. Четири клуба, меѓу кои и Реал, одбија да го потпишат договорот, со кој овој фонд би заработувал во следните 50 години од Ла Лига, а вложи „само“ 2,7 милијарди евра.