Реал Мадрид налето сака да го доведе Џошуа Кимих

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, е во контакт со Реал Мадрид за потенцијален трансфер ова лето. Кимих наводно го гледа Реал Мадрид како „привлечна дестинација“, особено поради нивните големи шанси за триумф во Лигата на шампионите.

Сепак, Баерн Минхен останува решен да го задржи Кимих. Играчот за врска има одржано неколку разговори со Макс Еберл и Кристоф Фројнд во врска со неговата иднина.


И покрај напорите на Баерн, Реал Мадрид се појавува како сериозна и привлечна опција за германскиот репрезентативец.


Кимих се очекува да биде еден од најбараните слободни играчи ова лето доколку не потпише продолжување на договорот со Баерн.


Освен Реал Мадрид, други врвни клубови како Барселона, Пари Сен Жермен, Ливерпул и Манчестер сити исто така се поврзуваа со одличниот играч од средниот ред во изминатите месеци.

- Оглас -

Најнови вести