9.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Реал Мадрид „се навикна“ да игра со играч помалку под водство на Алонсо

Едно од нештата што привлекува најголемо внимание откако Чаби Алонсо дојде за тренер на Реал Мадрид е бројот на црвени картони што ги има тимот.

Без разлика дали станува збор за судиски грешки или не (црвениот картон на Хаусен против Реал Сосиедад беше окарактеризиран како грешка од судиската организација), факт е дека Реал Мадрид има четири црвени картони од Светското клупско првенство наваму.

Алонсо само на 11 официјални меча го водел Кралскиот клуб, а на четири од нив имаше исклучувања за неговите фудбалери. Реал на Алонсо играше вкупно 167 минути со човек помалку на теренот. Хаусен доби два црвени картони, а по еднаш исклучени беа Асенсио и Карвахал.

За споредба, во ерата на вториот мандат на Анчелоти, потребна беше повеќе од една година за да се достигне тој биланс.

- Оглас -

Најнови вести