Шпанскиот гигант Реал Мадрид се откажал од трката за капитенот на Кристал палас, Марк Гехи. Според весникот „АС“, причините за тоа се високите финансиски барања на англискиот дефанзивец, кои ги вклучуваат неговата плата и бонусот при потпишување, сума што традиционално ја добиваат фудбалерите при слободни трансфери.
Марк Гехи, според „АС“, повеќе би сакал да премине во клуб од топ 6 во Премиер лигата отколку да се пресели во Мадрид. Тоа го прави Ливерпул јасен фаворит за неговиот потпис, особено бидејќи Гех беше на чекор од трансфер на „Енфилд“ во последниот ден од летниот преоден рок.
Сепак, и Баерн Минхен нема да се откаже и ќе продолжи со обидите да го ангажира.
Тој сигурно нема да потпише нов договор со Кристал палас, па затоа во јануари ќе има право да потпише преддоговор со клуб од странство.
Кон крајот на минатиот месец, шпанските медиуми објавија дека Марк Гехи го заменил Ибрахима Конате на врвот на листата на желби на Реал Мадрид за нов централен дефанзивец. Французинот, исто така, има договор што наскоро истекува и сè уште не го обновил со Ливерпул.
Сега „АС“ оценува дека евентуален трансфер на Гехи на „Сантијаго Бернабеу“ е „практично невозможен“.

