Реал Мадрид се откажува од ѕвездата, во Јунајтед будно ја следат ситуацијата

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, според медиумите во Шпанија, одлучил да го продаде Едуардо Камавинга доколку клубот добие понуда најмалку од 70 милиони евра.

Ваквата одлука претставува големо изненадување, со оглед на тоа дека францускиот интернационалец има договор до 2029 година, а само пред две години потпиша продолжување. Кралевите го купија Камавинга во 2021 година од Рен за 31 милион евра, па секако добро би заработиле.

Ситуацијата со францускиот интернационалец будно ја следат во Манчестер јунајтед, од каде што се заинтересирани за неговите услуги, па можно е Црвените ѓаволи да испратат и официјална понуда за купување на Камавинга.

- Оглас -

Најнови вести