Реал Мадрид се жали: Зошто има ВАР, кога не се користи (Фото)

Барселона и Реал Мадрид одиграа скромно Ел Класико без голови за првпат од 2002 година, а гостите од Мадрид се жалат дека биле оштетени за пенал во 20-тата минута.

Иван Ракитиќ, според фотографиите што ги објави „Марка“, го влече за дрес Рафаел Варан, но судијата Ернандес не ја провери спорната ситуација со помош на модерната технологија, ниту доби сугестија од колегите во ВАР-собата дека има пенал.

„Зошто има ВАР-систем, кога не се користи. Варан беше повлечен за дресот, и тоа очигледно“, велат од таборот на Реал Мадрид.

На гостит,е кои беа малку поконкретни, им беше поништен и гол во 73-тата минута, оправдано, па радоста на Герет Бејл беше куса.

- Оглас -

Најнови вести