Реал Мадрид сега е комплетно подготвен за старт на сезоната!

Шпанскиот првак Реал Мадрид викендов нема да стартува во првото коло од Примера дивисион, но Кралевите ги направи последните подготовки за новата сезона. Утрово тие ги промовираа новите дресови кои треба да бидат трета гарнитура во новата сезона.

Германскиот производител за спортска опрема „Адидас“ реши да направи дрес кој ќе биде во комбинација на црна, сива и розева боја. Интересен е дизајнот на дресот кои го промовираа најголемите ѕвезди во тимот, капитенот Серхио Рамос, Карим Бензема и Марсело.

Оваа комбинација на дресови ќе ја носи и женскиот тим на Реал Мадрид, а тоа ќе бидат гостинските дресови за новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести