Хрватот Марио Хезоња е нов член на Реал Мадрид и ќе игра за најтрофејниот европски клуб во следните две години.
Интересно е што Хезоња три години, од 2012 до 2015, беше член на вечниот ривал на Реал, Барселона, а сега доаѓа во Мадрид од рускиот Уникс Казањ.
https://twitter.com/RMBaloncesto/status/1550080653173002244?s=20&t=aX6lXWZqcX_oMuUJ4YEQow
Марио во меѓувреме играше и во НБА-лигата, а беше член на Орландо меџик, Њујорк никс и Портланд трејлблејзерс.
Во 2020 година се врати во Европа и играше и за Панатинаикос, уште еден редовен член на Евролигата.