Пет натпревари од најквалитетните европски фудбалски лиги се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.40, додека искомбинирани на еден тикет прават одлична квота од 52.4.
Најголемата квота во оваа понуда, 2.40, е за мечот помеѓу Аталанта и Болоња, а за да биде добитна потребно е домашната екипа да не загуби, но и да постигне најмалку два гола.
Од фудбалерите на Ливерпул се очекува да бидат ефикасни во мечот против Вест хем, па квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако „црвените“ постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Реал Мадрид нема избор и ќе мора да го победи Алавас, а доколку го стори тоа во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, тогаш квотата од 2.20 ќе биде добитна.
Ефикасен фудбал се очекува од Њукасл и Манчестер јунајтед, а квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има голови и во двете полувремиња.
Голови се очекуваат и на римското дерби помеѓу Лацио и Рома, а квотата од 2.25 ќе биде добитна доколку ги има помеѓу еден и три во првото, но и во второто полувреме.