Реал Мадрид со четворица нови фудбалери ќе патува во САД на Светското клупско првенство

Реал Мадрид со четворица нови фудбалери ќе настапи на Светското клупско првенство во САД. Кралевите веќе го обезбедија потписот на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, но останува неизвесно дали екипите ќе се договорат тој да биде ослободен од обврските пред почетокот на СКП. Се шпекулира дека Ливерпул бара обесштетување за да го раскине договорот со Александер-Арнолд еден месец порано.

Веќе официјализиран е потписот на Дин Хујсен од Борнумт, кој во Мадрид ќе се пресели за сума од 50 милиони евра, а Реал е пред ангажман и на Алваро Карерас од Бенфика.

Освен тројцата дефанзивци, раководството на Реал Мадрид сака да го врати и фудбалерот од средниот ред, Нико Паз, кој беше продаден за шест милиони евра на Комо, но постои опција да го откупи неговиот договор за девет милиони. Токму Аргентинецот треба да биде четвртото засилување за Кралевите за настапот на Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести