3.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Реал Мадрид со гол од пенал го скрши отпорот на Леванте и стигна до триумф (Видео)

По два разочарувачки меча и порази во Суперкупот и Купот на Шпанија, Реал Мадрид конечно ги израдува своите навивачи. На „Сантијаго Бернабеу“, Кралевите со 2:0 го победија Леванте, во меч од 20 коло на шпанското првенство.

Реал доминираше во првото полувреме, но не успеа да го скрши отпорот на гостите. Тоа се случи дури во 58 минута кога Мбапе беше фаулиран во шеснаесетникот на Леванте, а судијата покажа дека то а е пенал. Мбапе самиот реши да ја преземе одговорноста и погоди од белата точка за водство на Реал од 1:0.

Real Madrid (1)-0 Levante – Kylian Mbappe 58′ (Pen.)
byu/977x insoccer

Само седум минути по голот на Мбапе, Кралевите стигнаа до 2:0 благодарение на погодокот на Асенсио. За тоа колкава беше доминацијата на Реал на теренот покажува и статистиката дека мадриѓани упатија осум удари во рамките на голот на гостите, а Лаванте немаа ниту еден таков шут кон голот на Реал.

Real Madrid (2)-0 Levante – Raul Asencio 65′
byu/977x insoccer

Со оваа победа Реал сгигна до 48 бодови и сега е само на еден бод зад лидерот Барселона. Каталонскиот гигант својот меч од ова коло ќе го игра утре и тоа против Реал Сосиедад на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести