Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1 ја победи Мајорка во меч од 36. коло и на тој начин го одложи крунисувањето на Барселона во нов првак на Шпанија. Каталонскиот гигант сега ќе треба сам да се помачи, а првата „шампионска топка“ ќе ја има в четврток кога игра на гости против градскиот ривал Еспањол и со победа ќе биде нов првак на Шпанија.
Реал Мадрид губеше со 0:1 од Мајорка, откако дефанзивецот на гостите, Мартин Ваљент одлично продре во шеснаесетникот на Реал и изненадувачки упати многу прецизен шут, затресувајќи ја мрежата на Тибо Куртоа.
Реал Мадрид доминираше во текот на целиот меч, но голманот на Мајорка Лео Роман беше речиси несовладлив. Дури 10 одбрани имаше, но два пати капитулираше. Првиот пат беше во 68 минута кога Килијан Мбапе израмни на 1:1, а комплетирање на пресвртот домаќините го направија буквално во последните секунди од мечот кога за 2:1 погоди Јакобо Роман, кој игра во Б тимот на Реал.
За тоа колкава беше доминацијата на Реал покажува и бројот на изведени корнери. Реал имаше 26 корнери, а Мајорка не изведе ниту еден удар од аголот.