Реал Мадрид го освои трофејот во Интерконтиненталниот куп откако со 3:0 славеше во финалето над Пачука. Кралскиот клуб беше голем фаворит пред мечот, а и на теренот на стадионот во Лусаил во Катар покажа дека е подобар тим.
Актуелниот шпански и европски првак сега е и интерконтинентален шампион. Победата на Реал ја најави Килијан Мбапе со голот постигнат во 37-мата минута, откако ја искористи несебичноста на Винисиус јуниор, кој асистираше.
Kylian Mbappe’s goal against Pachuca 1-0
byu/Valentinaher526 inLigaMX
На почетокот на второто полувреме Родриго зголеми на 2:0, а Мбапе беше асистент. По овој гол, фудбалерите на Пачука едноставно останаа без шанса да се обидат да направат изненадување.
Пред крајот на дуелот погоди и Винисиус од пенал за конечни 3:0.
RODRYGO WITH AN AMAZING GOAL
byu/ThickWorldliness6895 inrealmadrid
Тренерот Карло Анчелоти со оваа победа испиша историја затоа што стана најтрофејниот стратег во историјата на Кралскиот клуб. За Анчелоти ова беше 15-ти трофеј како предводник на шпанскиот гигант.
Анчелоти го водел Реал на 316 меча, што значи дека во просек освојува трофеј на секои 21 меч. Од фудбалерите, Лука Модриќ со 28 пехари е убедливо најтрофеен играч во историјата на Реал Мадрид.