Реал Мадрид со „тика-така“ голови како во најдобрите времиња на Барселона (Видео)

Реал Мадрид со убедлива победа од 3:0 ја почна одбраната на титулата во Лигата на шампионите, и тоа на гостински терен кај Селтик. Кралскиот клуб во 30-тата минута остана без првиот голгетер Карим Бензема, но и тоа не беше проблем да стигнат до триумф.

Тоа што е посебно значајно за Реал е дека два од трите погодоци ги постигна по фантастични и трпеливо изградени акции. Шпанскиот гигант доминираше, ја имаше контролата на топката, а голот на Винисиус Јуниор за водство од 1:0 и погодокот на Еден Азар за 3:0 беа како од фудбалските учебници.

При погодокот на Винисиус Јуниор, играчите на Реал дури 22 пати ја додадоа топката

Тоа што Реал го направи во 5-тата минута, уште подобро го повтори во 77-мата минута, кога Кралевите имаа дури 33 прецизни додавања, а на крајот погоди Азар.

Откако од 2003 година се бројат акциите за гол со додавања, никогаш Реал Мадрид не постигнал погодок со повеќе прецизни подавања без грешка.

- Оглас -

Најнови вести