Реал Мадрид го прегази Салцбург со 5-1 во Лигата на шампионите, а сите пет гола за Кралевите беа дело на странски фудбалери. Сепак, не само против Салцбург, туку воопшто последните 55 гола кои ги постигна Реал Мадрид се дело на странците во екипата. Последниот гол постигнат од Шпанец во дресот на Кралевите беше оној на Лукас Васкес во 83-тата минута на мечот против Борусија Дортмунд (5-2).
Кралскиот клуб со тоа го сруши клупскиот рекорд бидејќи никогаш во историјата домашните фудбалери немале ваков пост. Од голот на Васкес против Борусија Дортмунд голови за Реал Мадрид постигнуваа Килијан Мбапе (12 – Франција), Винисиуд (11 – Бразил), Џуд Белингам (9 – Англија), Родриго (8 – Уругвај), Феде Валверде (5 – Уругвај), Арда Ѓулер (3 – Турција), Ендрик (2 – Бразил), Брахим Дијас (2 – Мароко), Едуардо Камавинга (1 – Франција) и Лука Модриќ (1 – Хрватска). Во корист на Реал имаше и еден автогол, но и тој беше дело на странец. Мартин Валент од Словачка ја погоди сопствената мрежа на мечот против Мајорка.