Бразилскиот талент Ендрик летово од Палмеирас се пресели во Реал Мадрид и веднаш покажа дека е одличен напаѓач кој е опасен по противничките одбрани и голмани.
Иако добива мала минутажа, помала од таа што навивачите мислат дека треба да ја има, Ендрик веќе даде два гола, по еден во Ла Лига и Лигата на шампионите. Викендов изнуди и пенал.
Жоао Пауло Сампајо, кој е шеф на младинскиот тим на Палмеирас, на шпанските медиуми им откри дека во договорот на Ендрик со Реал има клаузула според која Кралскиот клуб треба да плаќа околу 1,5 милиони евра на секои пет гола што ќе ги даде Бразилецот за Реал.
„Неговиот трансфер чинеше вкупно малку повеќе од 60 милиони евра. Сепак, само 30 милиони се фиксни, а околу 35 милиони можат да ни дојдат преку разни бонуси. Овие бонуси се за голови, асистенции, одиграни натпревари. На секои пет гола на Ендрик, треба да ни платат дополнителни околу 1,5 милиони евра“, изјави Сампајо.
Карло Анчелоти рече дека Ендрик ќе биде стартер против Еспањол или Алавес. Со Еспањол не беше, значи се очекува тинејџерот утревечер да почне од првата минута и да покаже што знае.