Веќе подолг период се шпекулира дека Трент Александер-Арнолд ќе го замени Ливерпул со Реал Мадрид налето, со оглед на тоа дека му завршува договорот со Црвените, но Кралскиот клуб е во потрага по уште еден десен бек за да не се најде во ситуација како сегашнава.
Карвахал е повреден, па прв избор на Карло Анчелоти е Лукас Васкес, чиј договор му истекува на крајот од оваа сезона, но најверојатно нема да му биде продолжен. На радарот на Реал Мадрид е дефанзивецот на локалниот ривал Рајо Ваљекано, Романецот Андреј Рациу. Тој важи за еден од најдобрите на неговата позиција во Ла Лига, па иако има договор до 2028 година, сепак сумата од седум милиони евра за неговиот трансфер е и повеќе од прифатлива за екипите.
Интерес за романскиот репрезентативец има и од Барселона, па ќе биде интересно да се види чија понуда ќе ја избере Романецот.