Реал Мадрид тргнува во мисија која не ја остварил од 2008 година

Шпанското првенство започна, а вечерва на мегдан ќе излезе екипата на Барселона која секако е една од главните фаворити за тронот. Главната цел на каталонскиот гигант е да го детронизира Кралскиот клуб од Мадрид.

Реал минатата сезона доминираше и на убедлив начин стигна до титулата во Примера дивисион. За мадридскиот гигант тоа бепе рекордна 36-та титула во првенството. Сега пред Реал е еден голем предизвик, а тоа е да го одбрани пехарот. Ова е посебно тешко за тимот од „Сантијаго Бернабеу“ затоа што повеќе од една и пол деценија не успеал да го одбрани тронот.

Во сезоната 2007/08 последен пат се случи Реал да биде првак и со тоа да го одбрани трофејот освоен една година претходно. Од таа сезона, Реал потоа беше првак во 2012, 2017, 2020 и 2022 година, но никако не успеа да врзе две титули по ред.

Оваа мисија за одбрана на тронот на Реал започнува утре и тоа со гостувањето кај Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести