33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Реал Мадрид со најдобар старт на сезоната уште од 1968 година

Реал Мадрид успешно го помина „жешкото“ гостување кај градскиот ривал Атлетико и победи со 2:1 на „Ванда Метрополитано“. Со оваа победа Реал го продолжи перфектниот биланс во новото првенство. Кралевите одиграа девет меча и исто толку пати победија.

Низата започна со победата над Ајнтрахт Франкфурт во Супер купот на УЕФА, а потоа наредија шест победи во првенството и две во Лигата на шампиони. За Реал ова е најдобар старт на сезоната уште од сезоната 1968/69 кога имаа 11 триумфи во низа во сите натпреварувања.

Со 11 победи по ред Реал стартувал само уште во сезоната 1961/62, а сите останати сезони имале барем некој кикс во првите девет кола. Засега оваа сезона е трет најдобар старт на Кралевите, но ако успеат да победат во следите три дуели, ќе постават апсолутен клупски рекорд.

- Оглас -

Најнови вести