16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Реал Мадрид вечерва на „Камп ноу“ најмногу ќе се плаши од судиите (Видео)

Најголемото дерби во светот, Ел Класико, има нова епизода вечерва. Барселона на „Камп ноу“ е домаќин на Реал Мадрид во реванш-мечот од полуфиналето на Купот на Шпанија.

Првиот меч во Мадрид заврши со победа на каталонскиот гигант од 1:0, што значи дека Барселона има добра предност, но тоа не значи дека Реал ќе се предаде и дека нема да се обиде да триумфира на теренот на најголемиот ривал. Подобриот од овој двомеч на крајот ќе се игра против Осасуна, која синоќа по голема драма го елиминира Атлетик сред Билбао.

Во 2023 година, Реал и Барса веќе играа трипати и во сите три меча Каталонците победија. Мадридскиот гигант пред денешниот меч најави дека најмногу се плаши од судиите кои треба да ја делат правдата. Хуан Мартинес Мунуер ќе биде главен на теренот, а Хозе Луис Гонзалес Гонзалес ќе биде во ВАР-собата.

„Каква коинциденција, Мартинес Мунуер ќе биде главен, а Гонзалес Гонзалес во ВАР-собата. Правдата ќе ја дели тандемот со кој мадридистите ги имаат најлошите спомени“, анализираат на ТВ-каналот на Реал Мадрид, а потоа додаваат: „Тоа е двоецот што го водеше мечот на кој Реал Мадрид беше најмногу оштетен во поновата историја, а тоа е дуелот Реал – Севилја во сезоната 2020/21, кога со нивните грешки ни ја одзедоа титулата во првенството. Мартинес Мунуер  и Гонзалес Гонзалес тогаш направија дури шест клучни грешки на штета на Реал“, стои во анализите на Реал Мадрид, каде што најдоа уште неколку одлуки на овие судии на штета на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести