Реал Мадрид киксираше на гостувањето кај Рајо Валјекано и одигра само 3:3 во меч на кој имаше многу пресврти. Рајо водеше со 2:0, Реал до полувремето израмни на 2:2.
На почетокот на вториот дел Кралскиот клуб поведе со 3:2, но Рајо не се предаде и стигна до 3:3 освојувајќи значаен бод против актуелниот првак.
По завршување на средбата, Реал Мадрид преку својот официјален твитер профил за извештајот од средбата, потенцира дека „Контроверзното судење е причина поради која Реал Мадрид не победил“.
Un polémico arbitraje impide la victoria del Madrid.#RayoRealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 14, 2024
Кралскиот клуб посебно потенцира за една сомнителна ситуација кога веруваат дека имало фаул за пенал врз Винисиус јуниор, но судијата не досуди ништо. Головите од овој возбудлив дуел може да ги видите ТУКА.