Реал Мадрид има голем проблем, минимум до Нова година без Камавинга

Повредата на десното колено на Едуардо Камавинга која ја здоби на тренинг во дуел со репрезентативниот колега Усман Дембеле не е баш наивна, снимките покажаа дека фудбалерот на Реал Мадрид ќе треба да паузира од шест до осум недели.

Ова е сериозен проблем за тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој до Нова година нема да смета ни на Орелиен Чуамени, па ќе мора да смисли некое друго решение за покривање на позицијата последен играч за врска.

Камавинга и Чуамени би се вратиле во јануари за Суперкупот на Шпанија, а дотогаш Реал треба да одигра осум меча, шест во првенството и два во Лигата на шампионите.

Тони Крос е прв фаворит за пополнување на оваа позиција како привремено изнудено решение, но секако отсуството на Камавинга е проблем, особено што тој добро игра и како лев бек и на некои мечеви можеби Анчелоти ќе сакаше да го има и на таа позиција.

- Оглас -

Најнови вести