Реал Мадрид во јануари тргнува по фудбалерот кој денеска полни 26 години

Повредата на Даниел Карвахал е огромен проблем за Реал Мадрид и можно е Кралскиот клуб по пауза од неколку години, повторно да биде активен во зимскиот преоден рок и да го донесе Трент Александер-Арнолд.

Трент, кој денеска го слави својот 26-ти роденден, доби честитка од блискиот пријател Џуд Белингам, кој игра во Реал и засега е главниот посредник кој треба да го убеди колегата од националниот тим да дојде во Мадрид.

Договорот на Александер-Арнолд со Ливерпул е до јуни, па и Црвените веројатно ќе се согласат да го продадат бекот во јануари затоа што така би зеле пари наместо да ризикуваат налето да го загубат бесплатно.

- Оглас -

Најнови вести