Реал Мадрид во „последната секунда“ го победи Макаби во дербито на Евролигата (ВИДЕО)

Гершон Јабуселе е херојот на Реал Мадрид во победата над Макаби Тел Авив од 72:70 во дерби-мечот од 13-тото коло од Евролигата.

Француското кружно крило во последните секунди од средбата му донесе триумф на својот тим откако претходно гостите израмнија со тројката на Дерик Вилијамс.

Со тоа Кралскиот клуб дојде до 11-тиот триумф сезонава, а најефикасни на оваа средба беа Томас Ертел и токму Јабуселе со по 15 поени.

На останатите средби, ЦСКА Мосвка го „демолира“ Панатинаикос со 97:77, и тоа благодарение на одличната тимска игра каде што четворица играчи беа двоцифрени, додека на уште тројца им фалеше по еден поен за да дојдат до ова достигнување.

ЕВРОЛИГА

ЦСКА Мосвка – Панатинаикос 97:77

Реал Мадрид – Макаби Тел Авив 72:70

Жалгирис Каунас – Басконија 72:68

Баерн – Лион 73:65

Фенербахче – Монако 96:86

- Оглас -

Најнови вести