Реал Мадрид во своите редови ќе го донесе најскапиот Аргентинец во историјата!

Реал Мадрид е во потрага по нова супер ѕвезда бидејќи толку најавуваното засиливање Еден Азар засега не ги исполнува очекувањата. Белгискиот репрезентативец често е повреден и надвор од теренот, а кога игра, не може добро да се вклопи во играта на Кралскиот клуб.

Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, сака на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе Килијан Мбапе, но тој план многу веројатно дека нема да се оствари. Пари Сен Жермен најави дека е подготвен да му даде договор според кој Мбапе годишно ќе добива по 50 милиони евра. Ако тоа се случи, Реал нема да има никакви шанси за да го доведе францускиот репрезентативец.

Според најавите на аргентинските и шпанските медиуми, Реал се фокусирал на доведување на Лаутаро Мартинес од Интер. Аргентинецот блеска во дресот на Нераѕурите и моментно има дадено 16 гола за италијанскиот тим.

Реал е подготвен да ја плати клаузулата вредна 111 милиони евра за Мартинез и да му понуди договор според кој играчот ќе заработува по 14 милиони евра по сезона. Таа сума е многу поголема од тоа што во моментов Мартинес го добива во Интер, па сигурно без многу размислување би се согласил да ја смени средината.

Ако шпанскиот гигант успее да го купи голгетерот на Интер, тогаш Мартинес ќе биде Аргентинец со најскап трансфер во историјата. Досега ниту еден Гаучос не бил платен со сума над 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести