Реал Мадрид славеше на домашен терен против Селта Виго со 3:2, во меч од 34. коло на шпанската Примера дивисион. Со оваа победа Реал стигна до 75 бодови, само четири помалку од лидерот Барселона. Во следното коло ќе играат токму вечните ривали Барселона и Реал и тоа во каталонската престолнина.
На дуелот против Селта Виго, Реал Мадрид за малку ќе направеше од готово, вересија. Кралскиот клуб одлично запчна и со голот на Арда Ѓурер поведе со 1:0 во 33 минута. Потоа следуваше шоу на Килијан Мбапе.
Францускиот репрезентативец постигна препрасен гол за 2:0 во 39 минута и тој погодок може да го видите ТУКА.
На почетокот од второто полувреме, повторно блесна Мбапе и погоди за 3:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.
Делуваше дека Реал ја заврши работата и дека во последните 30 минути само рутински треба да одработи, но не беше така. Во 69 минута, Селта Виго даде гол за 3:1 по еден корнер, кој воопшто не требаше да биде изведен, но судијата направи превид, а гостите постигнаа погодок кој може да го видите ТУКА.
Во 76 минута Селта Виго намали и на 2:3 кога по одлична асистенција на Јаго Аспас, гол постигна Сведберг. Интересно е дека Селта Виго во последните 15-тина минути имаше уште неколку добри шанси да израмни на 3:3, но голманот на Реал, Тибо Куртоа успеа да спречи сензација, па реал на крајот стигна до посакуваните три бода.