1.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Реал Мадрид за Винисиус ќе бара најмалку 100 милиони евра, се знае и на кого ќе ги потроши

Договорот помеѓу Винисиус и Реал Мадрид истекува во 2027 година, но Бразилецот се уште не потпишува продолжување и тактизира. Тоа го иритира раководството на „кралевите“, па планот е доколку Винисиус не потпише нов договор наскоро, тој да биде продаден.

Очекувањата се дека Реал Мадрид би добил најмалку 100 милиони евра за Винисиус, а шпанските медиуми откриваат и како ќе бидат тие пари потрошени.

Голема желба на Флорентино Перес е Витиња од ПСЖ, но Португалецот во моментов вреди 110 милиони евра, па овие средства може да бидат обезбедени само со продавање на Винисиус.

Доколку се случи налето Витиња навистина да пристигне на „Сантијаго Бернабе“, тоа воопшто нема да влијае на доаѓањето на Нико Паз од Комо.

- Оглас -

Најнови вести