На Алваро Арбелоа му недостасуваа шестмина фудбалери на мечот против Хетафе, секако, најзвучно меѓу нив е она на Килијан Мбапе, но тренерот на Кралевите ќе има дополнителни проблеми околу составот за следниот натпревар.
Реал Мадрид не само што загуби со 0-1 од Хетафе пред својата публика, туку остана и без тројца фудбалери за следниот првенствен меч против Селта во Виго.
Франко Мастантуоно заработи директен црвен картон во 95-тата минута откако нешто му приговори на судијата Руис, па автоматски ќе биде надвор од теренот најмалку еден натпревар.
Претходно двајцата дефанзивци Дин Хујсен и Алваро Каререс заработија жолти картони и тие ќе бидат суспендирани за следниот натпревар поради недозволен број жолти картони, па Арбелоа и тоа како ќе има проблеми околу составот, а тоа посебно се однесува за одбраната.

