Реал Мадрид замина за САД, познато е кога ќе биде дебито на Мбапе во белиот дрес

Екипата на Реал Мадрид замина во САД, каде во наредниот период ќе одигра три контролни натпревари, а во составот на актуелниот европски и шпански првак, ќе го нема Килијан Мбапе.

Ова значи дека Мбапе ќе ги пропушти пријателските мечеви во САД против Милан, Барселона и Челзи, па Французинот дебито во дресот на Реал ќе го има на 14-ти август во Варшава на европскиот Суперкуп против победникот на Лига Европа, Аталанта.

Освен Мбапе, ќе ги нема ни Белингам, Карвахал, Менди, Валверде, Камавинга, Чуамени, па тренерот Карло Анчелоти во САД на располагање ќе има многу млад состав со 12 играчи од младинскиот тим на Реал. Бразилците Винисиус, Милитао и Родриго треба да се приклучат подоцна, а турнејата е значајна за младите Ѓулер и Ендрик кои ќе треба да се наметнат кај тренерот, како и некои други младинци.

Реал Мадрид за трите меча во САД ќе заработи 12 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести