Реал мирно може да го испрати Модриќ во „пензија“, чудесно деби на тинејџерот за Кралевите (Видео)

Лука Модриќ повеќе од 10 години е „мозокот“ во играта на Реал Мадрид. Маестралниот хрватски репрезентативец беше еден од главните во доминацијата на Кралскиот клуб кој освои пет титули во Лигата на шампиони во последната декада.

Сепак, јасно е дека ерата на Модриќ полека доаѓа до крајот. Хрватот веќе има 38 години, ја игра последната сезона од договорот во Реал и многу веројатно дека во јуни ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

На синоќешниот дуел од Купот на Шпанија, во дресот на Реал конечно дебитираше турскиот тинејџер Адра Ѓулер. Тинејџерот кој потпиша за Кралевите минатото лето, имаше неколку повреди и никако не можеше да заигра, но синоќа конечно беше подготвен да го покаже својот талент.

Ѓулер на теренот помина речиси еден час, но тоа беше доволно да покаже дека има голем талент и што е најважно има визија за фудбалот, прегледност и чувство да ги проигра соиграчите во вистински момент.

Едноставно младиот Ѓулер треба да биде наследник на Модриќ, но времето треба да покаже дали талентираниот турски играч ќе се развие во врвен фудбалер.

https://twitter.com/i/status/1743759708849164443

 

- Оглас -

Најнови вести