Реал Мадрид размислува да му понуди на Арсенал размена – бразилското крило Родриго во замена за дефанзивецот Вилијам Салиба, објавува „Дефенса Сентрал“.
Шпанскиот гигант е подготвен да се раздели со Родриго ова лето, а една од главните трансферни цели на клубот е токму францускиот репрезентативец Салиба.
И додека Реал е подготвен да го пушти бразилскиот напаѓач, Арсенал нема намера во блиска иднина да се раздели со својот стопер. Салиба изрази надеж дека ќе потпише нов договор со Топчиите, а раководството на клубот работи тоа да се случи во најкус можен рок.
Родриго се смета за вишок во составот на мадриѓаните, што се потврдува и со неговото ограничено време за игра на завршеното Светско клупско првенство во САД. Од друга страна, Салиба во Реал го гледаат како играч за иднината.
Останува да се види дали Кралскиот клуб ќе преземе конкретни чекори за доведување на Салиба. Друга можна опција за засилување на одбраната е стоперот на Ливерпул, Ибрахима Конате, чиј договор со англискиот шампион истекува следното лето, а досегашните преговори за нов договор не се одвиваат најдобро.